Италија: Ден на жалост поради вчерашната трагедија
Денеска властите во Италија прогласија ден на жалост поради синоќешната сообраќајна несреќа во која животот го загубија 39 лица.
Загинатите денеска ќе бидат погребани во местото Позуоли, каде живеел најголемиот дел од жртвите.
Полицијата започна истрага за несреќата која ја потресе како Италија, така и целиот свет.
За потсетување, вчера во Италија автобус излетал од надвозник висок 30 метри, при што 39 лица загинаа, а 11 се повредени. Несреќата се случила на автопатот А116 меѓу местата Монтефорте Ирпино и Авелино, во близината на Неапол. Поради несреќата, сообраќајот на автопатот Неапол-Бари неколку часа беше во прекин.