Седум лица тешко повредени во Скопје
Во текот на изминатиот ден во Град Скопје се случиле 12 сообраќајни несреќи.
Како што информира денеска самостојниот инспектор во СВР-Скопје Драган Вељаноски, сообраќајната полиција извршила увид на сите 12 сообраќајни несреќи. Од нив четири се со последица материјална штета, а шест се со последици телесни повреди, во кои со полесни повреди се здобиле седум лица.
Сообраќајната полиција санкционирала двајца возачи заради необновување регистрација на возилото и еден возач, кој управувал патничко моторно возило без користење безбедносен појас. Санкциониран е и еден возач на мотоцикл, кој го управувал без да носи заштитен шлем, односно кацига.
Специјалното возило „пајак“ не отстранило ниту едно возило.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа