Бесплатен влез, многу пиво и добра музика - за две недели „Пиволенд“ на Кале
Од 31 август до 4 септември во Скопје ќе се одржи гурманскиот викенд со пиво – „Пиволенд“. Посетителите ќе имаат можност да уживаат во дегустација на многу видови пиво, гурмански деликатеси, како и во над 100 музички настапи на три фестивалски бини поставени на Кале.
Од организацијата ветуваат пет дена забава, добра музика и многу пиво, како и голем број забавни активности кои ќе придонесат за подобра фестивалска атмосфера.
Влезот и годинава е бесплатен.
18.08.2016 - 12:18
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа