Димитриев во Стајковци: Тажната слика тотално се менува
Сликата во скопско Смилковци кои беше погодено од поплавите се менува. Од ден по поплавите до денес разликата на терен е огромна и напредокот кој е постигнат во однос на санацијата на штетите е значителен. Жителите на Смилковци се благодарни за брзата реакција на институциите и се она што било направено за нив во изминативе денови.
Нив денес ги посети премиерот Емил Димитриев кој заедно со министрите за транспорт и врски и внатрешни работи Владо Мисајловски и Митко Чавков, изврши и увид во активностите за санација на штетите од поплавите.
Мештаните изразија благодарност до премиерот, до сите институции, како и до градоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски за кого рекоа дека за се им излегол во пресрет. Во Смилковци отворени се сите патишта, а граѓаните добија и струја.
Димитриев информираше дека од поплавените подрачја земени се мостри од почвата кои ќе се испратат на анализа за истата да се провери. Дополнително беше истакнато дека каналите е расчистуваат и во иднина ќе продолжат да се чистат и одржуваат. Во еден од каналите во Смилковци веќе се заменети старите цевки со нови поквалитетни.
Се санира и игралиштето во Смилковци каде планирано е да се одржи хуманитарен турнир од кој собраните средства ќе се донираат за поплавените подрачја.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа