Уште една трагедија ја потресе Македонија: 43-годишен маж се удави во езерото Младост

Попладнево околу 16 часот од езерото Младост е извадено безживотното тело на 43 годишниот жител на петровец Г.Д. Тој од вчера на полноќ се водеше за исчезнат. На езерото Младост пристигнал со свои другари во саботата доцна попладне. На полноќ неговиот внук го пријавил за исчезнат својот вујко. Цели два дена траеше потрагата по жителот на Петровец. Од утринава во пребарувањето на езерото се вклучи и специјалната нуркачка единица на полицијата. По наредба на јавен обвинител, безживотното тело на 43 годишниот маж е предадено на обдукција. Со неа ќе се утврдува како дошло до несреќата.

 
 
15.08.2016 - 18:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега