ВМРО-ДПМНЕ: Деструкцијата на СДСМ нема да не поколеба секојдневно да бидеме со најпогодените

 СДСМ е во очајна состојба и тоа го гледа целата македонска јавност која ги осудува ниските обиди да се политизира невидената природна катастрофа и да се прибираат поени на сметка на оштетените граѓани кои се соочија со огромни загуби, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.

Од ВМРО-ДПМНЕ наведуваат дека Република Македонија, институциите и волонтерите кои секојдневно на терен се ангажираат за помагање на погодените, максимално се вложуваат во справувањето со последиците од поплавите.

Клеветите на СДСМ дека институциите не функционирале или дека војската и полицијата ги преспале првите денови од поплавата, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ, се навреда кон сите професионалци, полициски службеници или војници кои деноноќно работат во кризниот регионот.

- Очигледен и безброј пати е потврден фактот дека СДСМ/Сорос нема капацитет конструктивно да работи во интерес на граѓаните. За нив се е гола политика и борба за власт, вклучувајќи и ваква трагедија од која е потресена целата држава. Надминувањето на последиците од катастрофалното невреме и помошта на погоденото население ќе остане прв приоритет на ВМРО-ДПМНЕ, се вели во реакцијата.

ВМРО-ДПМНЕ, посочуваат оттаму, остава СДСМ да продолжи да тоне во деструкцијата и ќе продолжи целосно да се посветува на помошта на терен која им е најнеопходна на нашите сограѓани.

- Деструкцијата на СДСМ нема да не поколеба секојдневно да бидеме со најпогодените, да им помагаме, да ги слушаме нивните проблеми и да бараме решенија за нивно надминување. Нема граѓанин кој не е гневен на деструкцијата која што СДСМ постојано ја демонстрира и раководството на партијата најдобриот одговор за сопствената политика ќе го добие на претстојните избори, стои во реакцијата.

 
 
15.08.2016 - 16:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега