Ако сте за добар секс ѕвонете на... Бројот на својата сегашна сопруга го нашол во тоалет

Марк Елис го пронашол бројот на Дона Робертс во машки тоалет во еден локален паб.

Дека судбината пишува романи сведочи и љубовта на камионџијата Марк и секретарката Дона, кој веќе 10 години се во среќен брак.

„Ако сте за добар секс повикајте ја Дона на број...“, е пораката која Марк Елис (51) ја пронашол во еден локален паб кога вршел нужда.

„Бев љубопитен и пратив порака“, открива Елис, додавајќи дека сеуште се смејат на тоа, иако поминала една деценија од тогаш.

Дона на почетокот била запрепастена од начинот на кој Марк дошол до неа, но брзо се сретнале и се смувале. Денеска имаат две деца, едно од девет, едно од осум години.

Дона обична вели дека пораката ја примила случајно, а нивните деца и понатака не знаат како родителите им се запознале.

Меѓутоа, со оглед на тоа дека Дона и Марк се хит на интернет, нивните деца наскоро би можеле да ја дознаат вистината.

Иначе, бројот на Дона во тоалетот го оставил нејзиниот поранешен љубовник. Тој сакал да и напакости, а и ја наместил љубовта на животот.

 
 
15.08.2016 - 16:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега