Повеќе од 100 вработени во градската администрација помагаа во поплавените подрачја

Повеќе од 100 вработени во администрацијата на Град Скопје, јавните претпријатија „Градски Паркинг“ и ЈСП-Скопје, денеска беа на терен и помагаа во поголем број населени места погодени од невремето минатата сабота.

Вработените, како што соопшти Град Скопје, беа поделени во поголем број тимови и работеа согласно потребите на терен, каде одредени тимови работеа на расчистување на домовите и дворовите од уништена покуќнина и градежен материјал (шут), други работеа на расчистување на улиците, трети на товарање на истото во камионите кои го изнесуваа.

На екипите на терен кои работеа во населеното место Ченто им се приклучи и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски кои се вклучи во акцијата за чистење на улиците во ова населено место.

 
 
15.08.2016 - 14:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега