Ахмети се сретна со Купчан: Еве за што се разговараше

Во Амбасадата на САД во Скопје, Претседателот на Демократската Унија за Интреграција, Али Ахмети, се сретна со високиот американски гостин Д-р Чарлс Купчан, Директор за Европски Прашања при Националниот Совет за Безбедност во Белата Куќа.
 
Во ова својство, Д-р Купчан е главен советник за Европа на Претседателот Обама, тој беше директор и за време на Администрацијата на американскиот претседател Клинтон.
 
Ахмети и  Купчан отворено и спогодбено разговараа за ситуацијата во Македонија, судирот на интереси меѓу земјите со различни агенди, случувањата во регионот како и интеграцијата на земјата во Евро-атлантските структури.
 
Лидерот на ДУИ го запозна Директор Капчан околу последните политички случувања во Македонија како и посветеноста на ДУИ за враќање на мирот, стабилноста, безбедноста како и перспективите за Евро-атланската интеграција како единствена алтернатива за земјата и регионот.
 
Кризата во земјата може да се реши само преку сеопфатни, веродостојни и демократски избори, затоа г. Ахмети верува дека проценката на крајот на август во врска со исполнувањето на условите за одржување на изборите ќе биде позитивна.
 
Приоритетна задача на владата по изборите ќе биде системски реформи, меѓуетничките односи, економскиот развој и решавањето на отворените прашања со соседите која ќе овозможи непосредно вклучување во НАТО и отворање на преговорите за членство во Европската Унија.
 
Соговорниците исто така разговараа и за спроведувањето на Охридскиот Договор каде што Претседателот Ахмети зборуваше за службена употреба на албанскиот јазик во согласност со Уставот како и понатамошно унапредување на соодветна и правична застапеност.
 
Г. Ахмети им се заблагодари на Соединетите Американски Држави за постојаната поддршка за целиот регион, особено на албанците како и отворањето на американските фабрики во економските зони во Тетово и Кичево.
 
 
15.08.2016 - 13:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега