Во јуни издадени 274 одобренија за градење

Во јуни се издадени 274 одобренија за градење што е за 47,3 проценти повеќе во однос на истиот месец минатата година, објави денеска Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија, предвидената вредност на објектите изнесува 4.405.372 илјади денари што е за 52,9 проценти повеќе во однос на истиот месец лани.

Најголем број на издадени одобренија или 174 се наменети за објекти од високоградба, 30 за објекти од нискоградба и 70 за објекти за реконструкција.

Кај 169 објекти како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 105 објекти инвеститори се компании.

Во овој период е предвидена изградба на 857 станови со вкупна корисна површина од 63.032 м2.

 
 
15.08.2016 - 12:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега