МАЈКА МОНСТРУМ ги удавила двете деца во када - соседите потресени објаснуваат што се случило

Кога пријателите ја прашале зошто се сели, таа мирно им одговорила „ги удавив децата“

Мртвите тела на двете деца на возраст од 5 и 7 години се пронајдени под куќата на нивните соседи во неделата во Хјустон во САД, а нивното убиство го признала нивната мајка (30). Таа децата ги удавила во када, како што подоцна изјавила.

Полицијата ја задржала жената во притвор, а во злочинот веројатно немала помошници.

Инспекторите ја испитале жената и се обиделе да дознаат зошто тоа го направила, но не успеале да ја дознаат причината за убиството.

Инаку, во полиција ја пријавил познаник, кога го замолила да му помогне при преселбата. Кога ја прашал зошто се сели, таа мирно му рекла дека ги удавила своите деца. Маја прво помислил дека таа се шегува, и продолжил да и помага околу пакувањето, тој набрзо сфатил дека нешто не е во ред, и повикал полиција.

Соседите велат дека „семејството изгледало нормално“, и дека мајката редовно ги носела своите деца во парк, како и сите останати родители, пренесуваат од сајтот „News24“.

 

 

 
 
15.08.2016 - 10:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега