За прв пат прозборе за ова: Еве што вели Цеца за тоа дека Аркан е жив

Како што пишуваат српските медиуми овие денови, најстариот син Жељко Ражнатовиќ Аркан, тврди дека неговиот татко е жив, дека го променил својот личен опис и дека живее на Кипар, додека Цеца Ражнатовиќ спрема него се однесува како со парче гардероба. Сепак, таа информација набрзо е демантирана од страна на Војин Ражнатовиќ.

Имено, објавена е фотографија од човек за кого се тврди дека е Аркан по пластичните операции.

Светлана Ражнатовиќ до сега не се огласуваше за дезинформациите за Аркан и за „Животот после животот“ на Кипар, и тоа со добра причина.

Еве што имаше да  каже за прашања на новинарите и за текстовите на порталите кои тврдат дека Аркан е жив.

- Тоа би било коментирање на глупости! Многу би сакала тоа да е вистина. Никој немаше да биде посреќен од моите деца, но да не губиме време на празни приказни, изјави Цеца за српски Блиц.

Таа додаде:

Никој немаше да ме допре Жељко да беше жив. Го знаат тие тоа. Ќе бевме големо среќно семејство.

 

 

 
 
14.08.2016 - 11:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега