Детенце од Кисела Вода преживеа хорор за 30 денари

Во полицијата во Кисела Вода, Б.И. вчера се јавил и пријавил дека во временскиот период од 08-10.08.2016 година во времето од 18,00 до 20,00 часот на улицата „Фредрик Шопен“, три малолетни лица кои ги познавал извршиле разбојништво над неговиот 13 годишен син и притоа му одзеле 30 денари.

Имено, додека неговиот син бил во друштво со уште тројца другари биле пресретнати од малолетниците и истите почнале да му упатуваат сериозни закани дека физички ќе го нападнат него и неговите другари по што му ги одзеле парите и го напуштиле местото на настанот.

Се преземаат мерки за целосно  расчистување на случајот.

 
 
14.08.2016 - 11:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега