Го уловил ова чудно суштество па потоа следувал вистински шок

Овој рибар уловил плав јастог. Прв пат се сретнал со ретко суштество во 1990.

Искусниот рибар Вејн Никерсон од американската држава Масачусетс пред два дена остана фрапиран откако во својата мрежа уловил плав јастог.

Возбудениот рибар веднаш ја повикал сопругата Џен и се пофалил со тоа што го уловил. Секако, таа прво не му поверувала, но тој бил упорен па успеал да ја наговори да го чека на брегот.

Никогаш не бил вака возбуден. Едвај зборуваше, изјавила Џен.

Колку Никерсон имал среќа зборува тоа дека можностите да се улови такво суштество е  еден наспрема милион.

Меѓутоа, шокот следел кога сфатил дека цената на плавиот јастог чини 3.100 долари на килограм.

Инаку ова не е прв пат овој рибар да улови плав јастог. Прв пат се сретнал со реткото суштество во 1990 година. Можеби господинот Никерсон можел да размисли и да уплати лото.

 

 

 
 
14.08.2016 - 11:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега