Трајановски: Состојбата во поплавените подрачја се враќа во нормала
Состојбата во поплавените подрачја полека се враќа во нормала, по неколкудневна интензивна работа на јавните претпријатија и АРМ, скоро целосно е завршен процесот на вадење на водата од домовите и дворовите и во одредени места е започната дезинфекција на куќите, констатираа градоначалниците на Скопје и Гази Баба, Коце Трајановски и Тони Трајковски, кои денеска беа на терен во населбата Економија.
- Сиот шут, ѓубре и уништена покуќнина се вади од куќите и дворовите и се истовара во локална мини депонија, по што големи камиони го собираат и го носат во депонијата „Дрисла“. На овој принцип работиме во сите населени места кои беа погодени од невремето, а постои огромна депонија кај основното училиште во Сингелиќ која ја празниме со голем број камиони. Поради големата количина материјал, празнењето го правиме и преку ден и навечер, рече Трајановски.
Најави дека вечерва и утре повторно ќе работат со полн капацитет и ќе се реализираат големи акции за чистење. Притоа изрази надеж дека во понеделник состојбата ќе биде многу подобра.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа