„Се плашам од чичко Жарко, морав да молчам“ - педофил сексуално вознемирувал 10 годишно девојче, скоро една година

Жарко С. Ја искористи довербата од семејството кое го познава со години.

Жарко С. (62) од Земун, кој е уапсен  поради извршување полов напад на 10-годишното девојче, кое било другарче со неговата внука и често доаѓала кај нив дома.

Како што пренесува српски Курир, жртвата и монструмот живеат во иста зграда во Земун а нивните семејства се знаат со години.

Девојчињата се најдобри другарки. Нераздвојни се бидејќи живеат во иста зграда, и често спиеле една кај друга. Никој не можел ни да претпостави низ каква агонија девојчето поминувало веќе една година, вели извор од истрагата.

Секојдневно девојчето го барал на телефон. Бидејќи живеат блиску точно знаел кога девојчето е само дома. Тогаш доаѓал и на нејзината врата и не престанувал да звони се додека не му отворила. И се заканувал дека не смее на никој ништо да каже, вели соговорник на Курир.

Девојчето скоро година дена молчело. Монструмот е откриен кога нејзината мајка забележала нешто необично кај нејзиното дете.
Не можела ни да замисли низ каков пекол поминувала нејзината 10 годишна ќерка. Била шокирана кога нејзиното дете и се поверило, бидејќи Жарко го познавала со години.

Детето не е силувано, како што наведува мајката на несреќното девојче вчера цели два часа плачело на сослушување додека зборувало низ какви стравови поминувало.

Детето по апсењето на монструмот раскажа што се случувало, како монструмот ја приморувал да го допира и како тој ја допирал. Среќа во несреќа е што детето не е силувано. Сепак, таа е истрауматизирана и уплашена и покрај тоа што сите дали максимум да и објаснат дека Жарко никогаш повеќе нема да може да ја повреди, додава таа.

 

Педофилот на сослушување признал дека сексуално го вознемирувал девојчето и дека ја допирал по телото.

 
 
13.08.2016 - 12:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега