ССК на терен: 3000 компании помагаат во кризните подрачја

И Сојузот на стопански комори на Македонија излезе на терен да донесе помош за настраданите од поплавите во вид на хигиенски средства и останати потрепштини.

Претседателката на ССК Данела Арсовска лично ги доставуваше собраните донации до граѓаните.

Во рамки на Комората деновиве беше отворен пункт каде граѓаните и компаниите можат да ги достават неопходните артикли кои во соработка со локалните власти се доставуваат во погодениот регион.

ssk-na-teren-1-480x640 

ssk-na-teren-4-640x480

Согласно потребите на граѓаните погодени од невремето, најпотребни артикли се конзервирана храна, бебешка храна и пелени, вода за пиење, средства за хигиена, средства за дезинфекција.

 
 
12.08.2016 - 17:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега