Вељаноски закажа собраниска седница за поплавите

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски во договор со координаторите на пратеничките групи, одлучи да закаже посебна седница на Собранието на Република Македонија посветена на состојбата во поплавените подрачја, за 14 август 2016 година. До тогаш, се очекува Владата на Република Македонија да изготви информација со која ќе го извести Собранието за состојбата и за превземените мерки во насока на санирање на последиците.

 
 
11.08.2016 - 14:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега