Трагедија го шокираше регионот: Се самоуби политичар

Членот на претседателство на партијата Истарски демократски сабор (ИДС) и жупаниски началник, Марин Гргета во вчера во текот на вечерта бил пронајден мртов во месноста Фунтана на хрватскиот полуостров Истра, пренесуваат хрватските медиуми.

Според неофицијалните информации на весникот „Гласот на Истра“, Гргета извршил самоубиство, а повеќе детали за трагедијата сѐ уште не се познати.

Гргета бил член на претседателството на ИДС и жупански началник на Управното одделение за децентрализација, локална и регионална самоуправа, просторно уредување и изградба.

Предавањето на листата на коалицијата предводена од ИДС за претстојните парламентарни избори, кое беше закажано за средата утрото во Државната изборна комисија во Загреб е откажано поради трагичните случувања, соопштиле од ИДС.

 
 
11.08.2016 - 12:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега