Сите заедно за помош на градот: Скопските градоначалници на координативен состанок
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и претседателот на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева, денеска координативен состанок со градоначалниците од Скопскиот плански регион за дополнително интензивирање на расчистувањето на последиците од катастрофалното невреме што го зафати Скопје.
Трајановски изрази благодарност до градоначалниците на општините од скопскиот плански регион за досегашната поддршка и активностите на терен и побара дополнителна помош од општините за расчистување на последиците од катастрофалното невреме.
Трајановски побара од општините да се вклучат со дополнителна помош, и тоа, хуманитарна помош како главен приоритет, работници и механизација. Во однос на механизацијата, Трајановски информираше дека на терен се потребни мали камиони – скипери.
Градоначалниците од општините од Скопскиот плански регион истакнаа дека нивни екипи се веќе активни на терен и дека ќе пратат и дополнителна помош, а исто така ќе апелираат и приватните фирми со кои соработуваат за да се обезбеди дополнителна механизација.
Екипите на Град Скопје ќе останат во погодените подрачја се додека не се создадат услови граѓаните да се вратат во своите домови.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа