ВИДЕО: Страшно невреме, град со големина на орев - 60 литри дожд на м2

Невреме проследено со пороен дожд, град и грмежи синоќа ја погоди западна Србија, предизвикувајќи штети на патната инфраструктура и на земјоделските површини.

Невремето ги погодило териториите на општините Чачак, Горњи Милановац, Пожега, Косјериќ, Бајина Башта и делови од Лучане. Во некои реони наврнале и до 60 литри дожд на метар квадратен, што предизвикало поплави по улиците и во подрумите на повеќе станбени објекти.

Надлежните органи информираат за големи штети, пред се на овошните насади, оштетувања на патната  инфраструктура и на повеќе возила.

 
 
11.08.2016 - 11:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега