ТРАГЕДИЈА: Се самоубил поради поправниот испит - 13 годишно момче се обеси на таван пред својата сестра

M.T. отишол на поткровјето на куќата да ги нахрани гулабите, па се обесил со кабел пред очите на сестрата.

Тој се обесил во селото Жељуса, во Димитровград.

Телото на момчето е испратено на обдукција за да се утврди дали случајно се обесил во текот на игра или станува за самоубиство.

Тој и неговата сестра биле само во домот. Кога го пронашла таа, тој сеуште давал знаци на живот.

Во ова мирно село кружат две верзии за трагедијата, првата е дека се обесил случајно при игра, втората е дека се самоубил поради тоа што паднал на поправниот испит.

Сепак втората е помалку веројатна затоа што неговите родители не го терале да биде одличен ученик и никогаш не го казнувале.

 

 
 
11.08.2016 - 10:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега