РУДКОП Битола ја вклучи својата механизација во помошта за настраданите подрачја
Градежната компанија РУДКОП од Битола ја вклучи својата механизација во расчиствиање на последиците и санирање на штетите од страшното невреме кое изминатиот викенд го зафати скопскиот регион и поплави неколку населени места.
Голем број на компании од приватниот сектор кои работат со градежна опрема и механизација деновиве ја покажаа својата хуманост и солидарност и се вклучија на терен во поплавените подрачја да помогнат во справување со природната катастрофа.
Таков е случајот и со битолската компанија РУДКОП, чија градежна механизација активно работи на расчистување на теренот и помага на жителите од поплавените подрачја што е можно побрзо да се справат со природната непогода.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа