Трајковски и општинската администрација на терен и четврти ден по невремето
Во текот на денешниот ден, како и изминатите денови, градоначалникот на општина Гази Баба Тони Трајковски, со дел од општинската администрација беа на терен во населените места, кои беа погодени од невремето пред неколку денови.
При обиколката на терен, градоначалникот правеше координација на активностите околу расчистувањето на објектите и патната инфраструктура, обезбедуваше потребна дополнителна опрема и логистика и учествуваше во расчистувањето на објектите во населените места Сингелиќ и Стајковци.
10.08.2016 - 18:17
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа