Македонски железници - Транспорт помага на погодените од поплавите

 Македонски железници - Транспорт АД со директен ангажман на вработените, како и со опрема и превозни средства, активно се вклучи во процесот на санација на штетите предизвикани од поплавите.

Управниот одбор на Македонски железници - Транспорт АД донесе одлука за донација на храна, вода и хигиенски препарати кои денеска беа доставени до загрозените подрачја во околината на Скопје и изрази длабоко сочувство до семејствата и граѓаните зафатени од неодамнешните поплави.

Вработените и опремата, информираат од компанија, и натаму ќе останат на терен заедно со сите луѓе кои се вклучени во оваа акција, се до целосно санирање на штетите во загрозените подрачја.

 
 
10.08.2016 - 14:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега