Крава прободе тетовчанка во стомакот - жената итно во болница

Вчера тетовчанка била прободена од крава кај ципата каде што во близина се наоѓа артеријата. Веднаш со сопствено возило семејството ја донело во Ургентниот центар.

Како што објави „Здравство 24“, во амбулантата имало крв на сите страни.

Педесетгодишната жена искрвавила и веднаш ја однеле во сала за операции.

Таму три тима од васкуларна, пластична хирургија и хирург од абдоменална успеале да ја санираат повредата и, според информациите од клиниките, пациентката е во добра состојба.

Засега е непознато како дошло до немилиот настан и зошто кравата ја нападнала жената.

 
 
10.08.2016 - 13:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега