Прилеп: Соседот му влегол дома и го искршил од ќотек

Околу 09.00 часот во Прилеп на улицата „Скопска“, во неговиот дом, 55-годишниот К.П. физички бил нападнат од страна на неговиот сосед, 57-годишниот И.Ј. при што му нанел тешки телесни повреди.  

Имено, бесниот сосед со вила ја отворил отклучената влезна врата од куќата, удирал по вратата, упатувал пцовки и повеќепати го удрил К.П. во пределот на главата и телото. Тој  без свест бил однесен во Општата болница Прилеп каде му биле констатирани тешки телесни повреди и бил задржан на лекување.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од полицијата.

 
 
09.08.2016 - 14:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега