Помош од општина Центар за настраданите граѓани

Советот на Општина Центар, на предлог на градоначалникот, денеска донесе одлука за доделување парична помош од еден милион денари за настраданите граѓани од поплавите.

Сите ресурси на општината и целокупната механизација се на терен, а како што рече градоначалникот Андреј Жерновски, во расчистување на штетите и помош на граѓаните од погодените подрачја се вклучува и општинската „Еко – бригада“.

Советниците од коалицијата, предводена од СДСМ, како што се наведува во соопштението од Општина Центар, се откажаа од дел од советничкиот паушал и тој ќе им биде доделен на семејствата на настраданите и за помош на кризните подрачја.

Вработените од Општина Центар собираат донации во облека, храна, вода и хигиенски потреби.

На седницата, градоначалникот и советниците оддадоа почит за настраданите со едноминутно молчење. 

 
 
09.08.2016 - 13:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега