Груевски меѓу жителите во поплавените подрачја - пумпите во функција

Сите нови пумпи за испумпување на водата уште денеска ќе бидат ставени во фуунција, изјави вицепремиерот Владимир Пешевски на денешната средба со жителите на поплавените подрачја.

Владата набави нови 1.180 пумпи, од кои дел веќе се на терен. Останатите како што ќе пристигнуваат така ќе се ставаат во функција. Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) досега имаше околу 85 пумпи.

Надлежните постојано ќе бидат на терен се додека не се врати состојбата во нормала,  по улиците и во куќите. Ангажирани тимови кои се потребни за работа со механизација и со пумпите кои се поставени во најважните точки. Во моментов има околу 250 возила и механизација на Дирекцијата и од одредени градежни фирми.

 
 
09.08.2016 - 13:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега