Полнете резервоари: Ова се новите цени на горивата во Македонија

Малопродажните цени на бензините од полноќ се намалија за денар и пол, а дизелот за два денара, одлучи Регулаторната комисија за енергетика во текот на вчерашниот ден. 

Новата цена на Еуросупер БС 95 изнесува 59,50 денари за литар, на Еуросупер БС 98 61,50 денари за литар, додека дизелот се продава по 46 денари за литар.

Се намалува и малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство и изнесува 34,50 денари, а мазутот чини 21,17 денари за килограм.

Просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена изнесуваше 41,88 долари за барел, а курсот на денарот во однос на доларот 55,68 денари.

Наредната корекција е закажана за 22 август. До тогаш важат овие намалени цени на горивата.

 
 
09.08.2016 - 12:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега