Трајковски: Работиме на пробивање на патната инфраструктура

Во Отвореното Студио на ТВ Нова гостуваше Тони Трајковски, градоначалник на една од најпогодените општини од големото невреме во Скопје, Гази Баба. Трајковски објаснува кои се приоритетите во санирањето на штетите од големите поплави.

„Во моментот работиме на пробивање на патната инфраструктура, да можеме да обезбедиме пристап до секоја куќа. На терен е механизација којашто работи на тоа. Воедно, ангажираме на голема количина на пумпи, на вакуум-цистерни…“, изјави Трајковски.

„Главен приоритет е да се добие струја за граѓаните, а за дел од граѓаните обезбедивме и сместување, за оние коишто не можат да бидат во своите домови“, додаде Трајковски.

 

 
 
08.08.2016 - 22:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега