По посетата на Груевски, службите веднаш на терен во Бутел да го исполнат барањето на граѓаните

Само половина час откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски ги посети граѓаните на општина Бутел, се исполнува ветувањето кое тој им го даде.

Имено, изминативе два дена тие успеале во најголем дел да ги отстранат водата и калта донесени од невремето, а сега како најголем проблем го истакнуваат стравот од зарази и затоа побараа дезинфекција на домовите.

Само половина час откако Груевски го напушти Бутел за да посети други населени места, екипа од Завод за дезинсекција, дезинфекција и деретизација излезе во пресрет и уште од вечерва екипите се на терен.

Тие направија увид и проценки  во состојбата и уште утре почнуваат со работа.

Груевски веднаш го контактрираше министерот за здравство Никола Тодоров, кој пак рече дека уште утре ќе биде исполнето ова барање на жителите на Бутел.

sluzbi-teren-butel

 

 

 

 
 
08.08.2016 - 22:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега