Струшкиот Црвен крст отвори пункт за собирање помош за настраднаите во поплавите

Општинската организација на Цврениот крст во Струга од утрово отвори пункт за донации за настраданите од поплавите што го зафатија Скопскиот и Тетовскиот регион.

Сите хумани стружани што сакаат да донираат храна и хигиенски средства, тоа може да го направат во големата сала на Црвениот крст во Струга секој ден од 8 до 20 часот.

– Апелирам до сите хумани граѓани да донираат согласно можностите. Најпотребно во моментот, според информациите од терен е конзервирана и бебешка храна, средства за хигиена, вода за пиење, донации од облека ќе треба откако ќе се санираат штетите, информира секретарот на Црвен крст – Струга, Адуриме Даути.

Собраните донации, појасни, ќе бидат однесени во магацинот на Црвениот крст на Република Македонија во Момин поток од каде волонтерите ќе ги распоредат според потребите на населението.

Граѓаните и правните субјекти може да дадат и парична помош на жиро-сметка на Фонд на солидарност 300000001327966 ДБ 4030984271620 – Комерцијална банка или по 100 денари со вртење на телефонскиот број 143 400 од сите мобилни оператори.

 
 
08.08.2016 - 13:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега