Помош пристигнува од целата држава: Валандово и општинскиот Црвен крст се вклучуваат во помошта за настраданите

Општина Валандово и општинската организација на Црвениот крст се вклучуваат во помошта за санирање на последиците од поплавата во скопско-тетовскиот регион со организирање заедничка собирна акција во која граѓаните и компаниите се повикани да донираат флаширана вода, конзервирана храна, бебешка храна, пелени и средства за лична хигиена и дезинфекција.

- Помошта може да се донира и предаде во просторииите на валандовскиот Црвен крст, секој работен ден од 7 до 15 часот, а на 10 август на градскиот плоштад во Валандово ќе поставиме специјален штанд за донирање помош за настраданото население во поплавениот регион, велат од Црвен крст Валандово.

Граѓаните и правните субјекти можат да донираат и парична помош на солидарната жиро сметка.

 
 
08.08.2016 - 12:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега