Ќе престане ли невремето - прогноза за следните денови

 

Во невремето што зафати делови од државата до 20 часот најмногу дожд наврна во Скопската котлина 33 л/м2, соопшти вечерва Управата за хидрометеоролошки работи.

Во текот на ноќта, од УХМР најавуваат дека ќе се задржи нестабилно со локален пороен дожд со променлив интензитет, грмежи и засилен ветер. Процесите во западните делови ќе бидат поинтензитет.

Во Скопската котлина во моментов сеуште е нестабилно со пороен дожд кој на моменти е интензивен,  проследен со електрични празнења и ветер. И во текот на ноќта ќе се задржи нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

За утре се очекува променливо облачно посвежо и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, особено во западните делови каде се очекува процесите да бидат поинтензивни. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. УВ индексот ќе изнесува 7. Утринската температура ќе биде од 14 до 22, а дневната највисока температура на воздухот ќе се движи од  25 до 32 степена.

Во Скопје променливо облачно посвежо и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Температурите ќе се движат од 20 / 29 степени.

До понеделник ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во западните делови. Во вторник се уште ќе има услови за слаб локален дожд, а извесно стабилизирање на времето се очекува  од среда.

 
 
06.08.2016 - 22:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега