И војската на терен: Иванов ја активираше АРМ за помош по невремето

По повод невремето што ја зафати Република Македонија и особено скопскиот регион, Претседателот на РМ и врховен командант Ѓорге Иванов ја задолжи армијата на РМ да ги стави сите расположливи капацитети на располагање со цел да се помогне во санирањето на штетите предизвикани од невремето.

Одговорни лица од АРМ во координација со формираните кризни штабови веќе упатиле дел од своите единици на местата кои се сметаат за најкритични во моментот и истите се вклучени активно во помош на загрозените грагани.

 
 
06.08.2016 - 22:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега