Страшна несреќа на граница - пијан возач се заби во царинска куќичка

Необична сообраќајна несреќа се случи денеска во раните утрински часови на граничниот премин Вињани Доњи-Горица.

Несреќата се случила околу 4 часот и дваесет минути од правец Имотско во соседна Босна и Херцеговина.

Возачот изгубил контрола врз автомобилот и со полна сила се забил во царинската контролна куќичка.

Пред тоа ја скршил рампата, и заштитната железна ограда, која се наоѓала на околу десет метри. Ја превртел куќичката во која тој момент се наоѓал царински службеник на должност, кој е полесно повреден.

На возачот кој е исто така полесно повреден му се измерени два промили алкохол во крвта.

Тој бил  уапсен по несреќата и бил пренесен во полициската станица, а потоа ќе му следи пријава согласно со Законот за безбедност на сообраќајот.

 

 

 
 
05.08.2016 - 11:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега