Вистинска драма: "Спасете ми го бебето, остана во возилото"

Спасете ми го бебето. Остана заклучено внатре во автомобилот. Ако треба скршете го стаклото, ама дојдете најбрзо што можете – со плачење викала една млада загрепчанка чие тримесечно бебе останало заклучено во возилото паркирано пред Домот на здравје во населбата Сигет, пишува „Јутарњи лист“.

Топлината и спарината дополнително ја вознемириле младата мајка, а акцијата завршила кога пристигнале полицајци кои го скршиле стаклото и го спасиле бебето.

До несреќата дошло кога мајката ги оставила клучевите на седиштето во автомобилот, а вратите сами се затвориле.

 
 
05.08.2016 - 10:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега