Црна Гора ќе ја гради најголемата жичница на светот

Црногорските власти изготвија план за изградба на најголемата жичница на светот, па за таа цел распишан е и меѓународен тендер, јави порталот „Кликс“.

Жичницата ќе се гради на релација Котор-Ловќен-Цетиње, а патувањето би траело 43 минути. Таа треба да биде долга 14,7 километри, со што би претставувала најдолга жичница во светот. Изградбата е планирана да трае 10 до 12 месеци. Рокот за понудите за претквалификации истекува на 5 октомври.

Информацијата е официјално потврдена од градоначалникот на Цетиње, а воедно и национален координатор за Проектот - Александар Богдановиќ, и од претседателката на Тендерската комисија, Далиборка Пејович. Според нив, ова претставува историски чекор за земјата.

Концесијата за проектот за жичницата ќе биде доделена транспарентно, согласно меѓународните принципи за наддавање и во двостепена постапка, согласно црногорскиот Закон за концесии.

 
 
05.08.2016 - 10:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега