Високиот претставник на ЕУ Кетрин Ештон во посета на Каиро

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон претпладнево во Каиро се сретна со египетскиот министер за надворешни работи, Небил Фехми, јави агенцијата Анадолија.

Ештон денеска треба да се сретне и со египетскиот министер за одбрана и началник на Генералштабот на египетската армија  Абдел Фатах ел Сиси.

Во текот на дводневната посета на Египет, Ештон треба да се сретне и со привремениот претседател Адли Мансур, како и со претставници на движењето „Бунт“ и организацијата Муслиманско братство.

ФОТО: Нетпрес

најчитано сега