Според Календарот на МПЦ, утре се празнуваат овие светители
Светиот апостол Кодрат
Еден од Седумдесеттемина. Ученик на големите апостоли. Го проповедаше Евангелието во Атина и беше епсикоп најнапред во Атина после Св. Публиј, а потоа во градот Магнезија. Беше многу учен во светската мудрост и богат со благодатта на Светиот Дух. Неговиот животописец за него вели: „Беше како утринска ѕвезда сред облаци (Сирах 8, 6); облаците беа темното елинско незнабоштво, без светлоста на благочестието, а Светиот апостол Кодрат низ словото Божјо им заблесна на Елините како голема светлина, ја осветли темнината, ги низложи скверните жртви, ги разурна идолите и демонските храмови ги разори со молитва. Но темнината секогаш ја мрази светлината, па така и незнабожците го замразија Свети Кодрат, та по ова го фрлија во затвор и не му даваа леб с ? додека не ја испушти својата света душа и не се пресели во Царството на својот Бог Христос. Свети Кодрат напиша одбрана на христијанството и му ја предаде на царот Адријан. Таа одбрана толку подејствува на незнабожечкиот цар, што овој нареди христијаните да не се прогонуваат без особена вина. Свети Кодрат пострада околу 130 година. Погребан е во Магнезија, градот во којшто го заврши животот маченички.
Тропар
Светлината Христова преку тебе, о Апостоле Кодрате, го посрами мудрувањето елинско, но гордоста на тие што седат во смртна сенка удри по телото. Темнината незнаејќи дека словото е храна за верниот во Христа, сама ја раздра својата наметка, и затоа спасението по твоите молитви за нас е верно во Господа. Слава Тебе, Боже, за Твоето долготрпение.
Светиот свештеномаченик Ипатиј, епископ Ефески и Андреј презвитер
Двајцата се другари од детството, родум од Ликија. Кога пораснаа, двајцата сесрдно се предадоа на служба на Бога, и тоа Ипатиј како строг монах и подвижник, а Андреј како клирик во народот и проповедник на словото Божјо. Заради големите добродетели Ипатиј беше поставен за епископ во Ефес, а Андреј за презвитер. Обајцата пострадаа во времето на иконоборечкиот цар Лав Исавријан. После тешки маки претрпени за Православието, обајцата беа обезглавени во 730 година и преминаа во Небесното Царство.
Тропар
Ликот Божји, Иконата на душата ваша, сјај небесен доби над главите ваши, кои маченички пострадаа заради Христа, и исповедништвото смирено се рашири по целата вселена, о Ипатие и Андрее свети. А вие небесна слава добивајќи, не нe оставајте сираци, туку молете се непрестајно за наше спасение, во Христа вподобување.
Свети Димитриј, епископ Ростовски
Се празнува на 28 октомври, а на 21 септември се споменува откривањето на неговите чудотворни мошти во 1852 година.
Тропар
Сопатниче на ангелите, кои списоци за дела човечки исполнуваат, неуморен Божји молитвениче, Димитрие пастиру слаткоречив, моли се на Бога за нас, епископе свети, Кој благодатно те обдари, небесни тајни на светии живи да објавиш на земни наследници, кои кон вечност итаат, на Господа Бога да се поклонат
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа