Големи штети во Грција - островите во пламен

Штетите од пожарите ова лето во Грција, според проценките на властите, се двојно поголеми од лани, пишува весникот „Вима“.

Пожарите ова лето досега уништија околу 15 илјади хектари шуми и насади, а во истиот период минатата година тие штети се проценуваа на осум илјади хекари опожарено земјиште.

Весникот коментира дека досега уништеното земјиште е двојно поголемо од минатата година, а причина за тоа се помалото количество на дождови, како и слабите снежни врнежи во текот на минатата зима. 

Властите сметаат дека најголема штета од пожарите има претрпено островот Хиос, каде е утврдено дека изгореле површини од 5.242 хекари шуми и насади. По Хиос, се Родос, Мармари, јужниот дел на Евбеја, Дервенохорија, Централна Грција и островот Самос.

 
 
28.07.2016 - 12:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега