БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ: Комарци заразени со западно нилска треска се појавија на просториве

Вирусот Западен Нил е пронајден кај два комарци во Србија.

Директорот на Институтот за јавно здравје „Балут“ доктор Драган Илиќ вели дека сега граѓаните треба да бидат внимателни.

„Во наредниот период можеме да очекуваме и први случаји на овој вирус кај луѓето“, вели Илиќ.

„Важно е да се штитат луѓето кои живеат во подрумите на зградите, покрај подстаниците за греење, затоа што таму се размножуваат комарците. Покрај тоа важно наутро и навечер да носиме долги ракави. Сепак, доколку добиеме висока температува, главоболка, а не каснале комарци, би требало да одиме на лекар, а ако е неопходно и Инфективната клиника“, вели Илиќ

Во нашата држава сеуште не е пронајден комарец заразен со овој вирус, сепак мора да бидеме внимателни бидејќи веќе ги има во соседството

„Нема опуштање, затоа што западно нилската треска е доста сериозна болест за која треба да се размислува на време“, заклучува тој.

 

 

 
 
28.07.2016 - 11:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега