Најмалку 55 загинати во последниот терористички напад

Најмалку 55 луѓе загинаа, а десетици се повредени денеска при напад со камион-бомба во североисточниот сириски град Камишли, каде живее главно курдско население.

Целта на нападот бил објект на локалната курдска полиција и владина зграда, соопшти Сирискиот центар за мониторинг на човекови права, чие седиште се наоѓа во Лондон.

Во градот, исто така, се распоредени и сириски воени сили, кои го контролираат локалниот аеродром.

Претставник на локалните власти изјави дека конечниот биланс на загинати може да биде поголем, затоа што многу од повредените се во критична состојба

Одговорност за нападот презеде групата Исламска држава, која соопшти дека негова цел биле курдските безбедносни сили.

Камишли е под контрола на курдски вооружени формации, кои се борат против ИД, и се наоѓа во северниот дел на Сирија, во близина на границата со Турција.

 
 
27.07.2016 - 15:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега