Нејмар доаѓа во Сплит поради српската старлета?

Како што пренесуваат хрватските медиуми, фудбалерот на Барселона Нејмар, во четврток со приватен авион ќе долета во Сплит.

Бразилецот за одморот изнајмил луксузна вила на островот Хвар со приватна плажа, а резервирал и две јахти чие изнајмување чини 3.000 евра дневно, а долги се по 35 метри.

Медиумите наведуваат дека Нејмар во Сплит на фестивалот Рингишпил ќе се сретне со старлетата Сораја Вукелиќ, со која се запозна минатата година на Ибица. Е сега, дали Нејмар доаѓа на хрватското приморје поради убавината на морскиот брег или српската старлета останува непознато. 

Британските медиуми пишуваа за нивната летна авантура наведувајќи дека играчот на Барса пратил приватен авион по старлетата да дојде во Барселона.

 

 
 
27.07.2016 - 14:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега