Данев кон СДСМ: 20 месеци не доаѓавте на работа, а земавте плата од граѓаните

Веќе трет ден во Собранието на Република Македонија трае општата расправа на која пратениците дебатираат за Ребалансот на Буџетот за 2016 година.

Во таа дискусија, со своја реплика кон пратеничката од СДСМ Милева Горгиева се јави и пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Драган Данев.

Тој на почетокот истакна дека пратениците од СДСМ најмалку смеат да зборуваат за неодговорно трошење на народните пари бидејќи токму тие, како што рече Данев, од вкупно 28 месеци колку што се пратеници во овој состав, речиси 20 месеци не доаѓале на работа, а земале плата од граѓаните.

„Кога зборуваме на одредена политичка тема, кога зборуваме за трошење на парите на граѓаните и за Буџетот на Македонија кој што всушност го финансираат граѓаните на оваа држава, треба да се погледнеме во огледало и да видиме каде сме ние тука. Значи пратениците на СДСМ кога зборуваат за неодговорно трошење на парите од Буџетот е потценување на интелегенцијата на граѓаните. Зошто? Затоа што 28 месеци сте пратеници во Собранието и од тие 28 месеци околу 20 месеци не сте присутни во Собранието, немате сработено ништо, а земавте плата од Буџетот односно од граѓаните. Навистина крајно неодговорно и потценувачки!“, рече Данев од ВМРО-ДПМНЕ.

Данев потоа со конкретни примери се задржа на инвестициите во патната инфраструктура во Република Македонија, поточно говорејќи за новите инвестиции на потегот од Скопје до Радовиш.

 

„Исто така, зборувате дека со Скопје 2014 Република Македонија нема раст во економијата, нема развој и така натаму, а алудирајќи дека со патна инфраструктура и со капитални инвестиции доаѓа развојот. Во ред и ние се сложуваме со тоа, но да ги видиме фактите. Кој и што направил за таа патна инфраструктура. Дали СДСМ кога беше на власт или пак ВМРО-ДПМНЕ? Вие доаѓате од Радовиш, па ајде да тргнеме и да видиме по која патна инфраструктура ќе дојдеме. Од Скопје до Велес целосно е темелно реконструиран автопатот, од Велес до Кадрифаково има нов експресен пат, од Кадрифаково до Штип има голема градба на новиот автопат, а од Штип до РАдовиш во крајна фаза се подготовките за нов експресен пат. Сега кажете, која е таа влада што ви овозможи удобно да патуваат од Скопје до Радовиш и обратно?“, заврши Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ.  

 
 
27.07.2016 - 13:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега