Полицијата со совети до туристите како да не станат плен на крадците

Оделението за превенција при СВР Охрид преку велосипедските полициски патроли започна со реализација на проектот „Да се заштитиме од кражби“, насочен со цел подобрување на општата безбедносна состојба, но и превентивна заштита на граѓаните од кражби на плажа, по куќите и становите, кражби од возила и други имотни деликти.

Во рамките на проектот полициските службеници-велосипедисти во комуникација со граѓаните во централното градско подрачје а посебно на плажите, со угостителите како и со одговорните на паркиралиштата, на туристите им делат едукативни флаери со предупредувања и совети околу потенцијалните опасности од кражба, како да се чуваат паричниците, мобилните телефони, автомобилите.

Покрај во превентивните, велосипедската полициска патрола е активно вклучена и во репресивните мерки насочени кон реализација на кражби, спречување на вршење кривични дела и прекршоци, откривање и приведување на сторители на разни казнени дела по плажите и паркинзите како и во централното градско подрачје. Велосипедистите-полицајци се активни и на реализација на мерките насочени кон одржување на јавниот ред и мир.

 
 
27.07.2016 - 12:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега