И пукнал филмот: Го избодела сопругот бидејќи го продал автомобилот

Шеесетгодишната Миланка Илиќ го избодела со нож својот сопруг Милан (59) во семејната куќа во селото Скобањ, Србија. На инцидентот му претходела расправија.

По доаѓањето на полицијата Миланка е приведена и и е одредено задржување од 48 часа.

- Сопружниците наводно се скарале околу автомобилот кој Милан го продал. Кога се вратил дома, Миланка започнала караница и го нападнала со нож. Успеала да го избоде неколку пати во стомакот, вели извор близок до истрагата за српски Курир.

Според зборовите на соговорникот, Милан во нападот е тешко повреден.

- Соседите кои ги чуле врисоците и кавгата повикале полиција и Брза помош. Милан е префрлен во болницата во Смедерево, каде му се санирани повредите, додаде изворот за српски Курир.

Познаниците на семејството Илиќ велат дека не се изненадени од немилиот настан.

- Тие често се караа. миланка е незгодна жена, често е на лекови. Се зборуваше дека сопругот ја тепал, но никој не верува во тоа. Главно таа ги започнува караниците и го напаѓа, па често се криеше на катот од куќата, раскажуваат соседите на Илиќ.

Како што наведуваат, тие живеат сами.

 

 
 
27.07.2016 - 11:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега