РК Вардар ја започна мисијата фајнл фор

Македонскиот ракометен првак Вардар денеска ќе ги започне подготовките за новата сезона 2016/2017.

Според програмата, воведните неколку дена ракометарите ќе тренираат во Скопје, каде ќе ги извршат и потребните лекарски прегледи, а потоа екипата ќе замине на подготовки на Крањска Гора, Словенија.

Престојот во словенечкиот тренинг-центар е планиран од 1 до 12 август, период во кој веќе се закажани две пријателски средби со екипата на Горење и тоа на 6 и 10 август.

Ќе следува гостувањето во Белорусија, каде од 18 до 22 август црвено-црните ќе играат на силен турнир против домаќинот Мешков Брест, Висла Плоцк од Полска и француски тим Сесон Рен.

По овој турнир вардарци се враќаат во Скопје каде ќе ги продолжат подготовките за новата сезона, во која и овојпат примарна цел е висок пласман во Лигата на шампионите.

На првиот собир кој ќе биде во СЦ „Јане Сандански”, од 10 часот, за ќе ги нема, Филип Лазаров, Дејан Манасков, Матјаж Брумен, Сергеј Харбок и Алем Тоскиќ, кои го напуштија тимот, како и хрватите Игор Карачиќ и Лука Циндриќ кои со својата репрезентација се подготвиваат за настап на Олимписките игри во Рио де Жанеиро.

Вардар во претстојната сезона ќе биде засилен со ангажманот на шпанскиот репрезентативец Жоан Кањелас, хрватскиот ветеран Иван Чупиќ, како и левиот бек на црногорскиот национален тим Вуко Борозан, кој македонската ракометна публика ја имаше можноста да го запознае, како играч на Металург.

 
 
27.07.2016 - 10:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега