Земјата се тресе: Земјотрес со јачина од шест степени

Земjoтрес co интензитет од шест степени според Рихтерова скала изутринава го погоди јужниот дел на Чиле.

Засега нема информации  за евентуални жртви и причинета материјална штета, ниту пак е објавена опасност од цунами, соопшти Национален сеизмолошки центар.

Епицентарот на потресот се наоѓал во Тихиот Океан, на длабочина од 14,6 километри под површината на земјата, на 456 километри западно од градот Мелинка во областа Ајсен.

 
 
27.07.2016 - 09:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега